Генерален штарјк сепак ќе има? Тренчевска вели дека нема да има зголемување на минималната плата пред април

t

Во гостување во емисијата “Економски магазин на Алсат”, која ќе се емитува вечерва во 22 часот, Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, кажа дека не е можно зголемување на платите пред месец Април.

„Ќе дојдеме до најповолното решение коешто е и за работниците и за работодавачите, секако и работодавачите треба да го имаат во предвид трудот на работниците, треба да ја имаат во предвид економската состојба и покачувањето на цените во трговијата. Се надевам дека ќе дојдеме до поволно најсоодветно решение, односно до покачување на минималната плата од 18 илјади денари,“ вели Министерката.

Претходно од Сојузот на синдикати на Македонија ја објавија пресметката за потрошувачката кошничка според која за нормално да живее едно македонско семејство потребни се 33 072 денари, што е зголемување за 5500 денари од претходната година.

Аналогно на тоа, ССМ побараа итно зголемување на минималната плата на 18 000 денари и паралелен раст на сите плати, со што би можеле да се покријат основните потреби на просечно македонско семејство со двајца вработени.

Доколку Владата, МТСП и Собранието останат глуви на нивните барања, ССМ се заканија дека ќе повикаат на генерален штрајк, согласно можностите кои ги нуди ЗРО, бидејќи како што велат тие, тоа е единствен начин работникот да опстане.

Со изјавата на Министерката дека покачување на платата не може да има пред април, останува да видиме дали ССМ ќе повика на генерален штрајк во обид да се исполнат нивните барања.

Линк од веста на Алсат ТВ:
https://alsat.mk/mk/ekonomski-magazin-minimalnata-plata-ne-mozhe-da-se-zgolemi-pred-april/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата…

ССМ ќе побара враќање на трошоците за…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари…

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

29 ноември скратено работно време за државната…

Врз основа на заклучоците донесени на 199…