Генерален штрајк на приватните специјализанти од понеделник
Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.
– На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. После остварената средба со министерот, одржани се две седници на Влада и тоа на 3 и 9 април, на кои според јавно достапните информации на Влада, во ниедна од нив не е разговарано за нашите барања, се посочува во соопштението.
Поради тоа, како што се посочува во соопштението, испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ – Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од 15 април. Се најавува тој да трае сѐ до исполнување на нивните барања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…