Генерален штрајк се поизвесен: СОНК доби поддршка од уште еден синдикат
Синдикатот за транспорт и врски силно го поддржува генералниот штрајк на СОНК и му посакува истрајност во борбата за остварување на барањата.
-Сосема е легитимно еден синдикат да го искаже револтот со прекин на работата на неговите членови, особено кога четири години по ред Владата нема слух за барањата коишто во многу наврати ги посочи. Недозволиво е професионалци кои задолжени за образување и воспитување на нашите деца да бидат незадоволни и демотивирани од неисполнувањето на законските обврски од страна на Владата. Исто така, недозволиво е носителите на дејност како наставниците, професорите воспитувачите и негувателките да земаат исти плати со останатите вработени. Мора да напоменеме дека и останатиот кадар е еднакво важен за функционирањето на установата, велат од СТВ.
Тие апелираат СОНК заедно со членството да бидат истрајни и да не се колебаат за да ги остварат нивните барања, а на родителите им порачуваат да искажат солидарност и да ги разберат проблемите со коишто се соочуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова…
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка…
СОНК нема да учествува на работничкиот протест…
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача…
СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…
По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…
Вработените во Лувр повторно штрајкуваат поради лошите…
Музејот Лувр во Париз се соочува со…
Нов штрајк на лекарите од јавното здравство…
Лекарите го предупредија министерот за здравство Вес…