Објавено на:

Генералниот секретар на ОН повика на велигденски прекин на огнот во Украина

t

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на четиридневен велигденски хуманитарен прекин на огнот во Украина, почнувајќи од 21 април.

Гутереш го даде предлогот во седиштето на ОН, велејќи дека прекинот на огнот ќе овозможи евакуација на цивилите од „подрачјето на сегашна или очекувана конфронтација” и испорака на хуманитарна помош во области како што се Мариупол, Доњецк, Луганск и Херсон.

Тој посочи дека ОН се подготвени во тој период да испратат конвои со хуманитарна помош на тие локации.

-Четиридневниот велигденски период треба да биде момент за обединување околу спасување животи и понатамошен дијалог со цел да се стави крај на страдањата во Украина, рече Гутереш.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…