Генерално мирна новогодишна ноќ во Македонија
Со неколку интервенци на полицијата најмногу во Скопје и Тетово, новогодишната ноќ на територијата на целата земја поминала главно мирно.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во полицискиот центар Ѓорче Петров“ оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, информираше дека минатата ноќ најчесто се интервенирало за нарушување на јавниот ред и мир, трговија со дрога и прекршоци во сообраќајот.
„Новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територијата на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Се работи за нарушување на јавен ред и мир, вкупно 12 кривични дела на целата територија на државата, најчесто недозволена трговија и промет со дрога, и загрозување на сигурноста едно. Имаме регистрирано прекршоци по законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите сектори за внатрешни работи, 2 прекршоци по законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 8 сообраќајни незгоди со материјална штета.“
На Ургентниот центар, освен повредени во три сообраќајни незгоди, изминатата ноќ бил донесен и 20-годишник кој при физички напад бил прободен со нож. Оттаму информираат дека тој е во стабилна состојба додека останатите кои биле примени на Ургентен се со лесни телесни повреди.
„Во текот на новогодишната ноќ во Ургентниот центар во Скопје извршени се 103 прегледи од кои 3 сообраќајни незгоди, едниот пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за понатамошен третман и е во стабилна состојба. Три физички напади од кои едниот пациент е исто така примен на Клиниката за тораковаскуларна хирургија. Се работи за убод со нож на 20 годишен пациент и тој е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди.“
Работа имале и на Клинката на токсикологија. За новогодишната ноќ со алкохолот претерале 23ца, најмладите биле 14 годишни а највозрасниот е 63 годишен. Сепак од оваа клиника велат дека со секоја година расте и бројот на примени пациенти кои мешаат алкохол и дроги, а најголем дел од нив на докторите им кажувале дека конзумирале само алкохол.
„Имавме 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни, така што добри сме. Најмалдиот пациент е на 14 годишна возраст, најстариот е на возраст од 63 години. Сите пациенти се пуштени дома, нема задржани пациенти. Половина се машки а половина женски. Бројот на акутни интоксикации поврзани со психотропни супстанци е во пораст секоја година. Дали се мешани или не – ќе разговарате со пациентите. Се случува дел од пациентите да не ја кажуваат ниту вистината. Најголем дел од пациентите во текот на ноќта, според нивните кажувања се од алкохол.“
Бројот на примените и прегледаните пациенти, и на Ургентниот центар и на клиниката за токсикологија како што велат докторите е во проекот што го имале и изминатите години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…