Генерал Конашенков: Масовните воздушни удари се одговор на украинските терористички напади во Брјанск
Портпаролот на Министерството за одбрана на Русиај, генерал Игор Конашенков,мизјави дека денешните масовни воздушни напади на руските сили во Украина се одговор на украинските терористички напади во областа Брјанск на почетокот на месецот.
Како одговор на терористичките напади што ги изврши киевскиот режим во областа Брјанск на 2 март, руските вооружени сили извршија масовен возвратен напад“, изјави генерал Конашенков.
Тој додаде дека високопрецизното оружје со долг дострел од воздух, море и копно, вклучително и хиперсонични ракети „Кинџал“, ги погодило клучните локации на украинската воена инфраструктура, претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс и поврзаните енергетски објекти.
Според него, целта на нападот е постигната и сите зацртани цели биле погодени, додавајќи дека „масовниот возвратен напад на Русија го нарушил распоредувањето резерви и странско оружје за украинската армија“.
Во нападот се уништени базите на јуришните беспилотни летала, нарушено е распоредувањето на резервите и железничките вагони со странско оружје, а уништени се и капацитетите за поправка на воена опрема и производство на муниција“, истакна Конашенков.
Украинските регионални власти рано утрината потврдија дека Русија погодила неколку украински региони, вклучувајќи го главниот град Киев, црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Телеграф“: Русија изгради најмалку 10 тајни бази…
Русија изградила најмалку 10 бази за дронови…
Келковски очекува август и септември да има…
Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо…
Две жени вдишале чад во пожарот во…
Пожарот што денеска околу 13:30 часот избувнал…
Венецуела бара враќање на 31 тон злато…
Владата на Венецуела и дел од опозицијата…
Македонија се подготвува официјално да се приклучи…
Македонија се подготвува во септември официјално да…