Генчовска го попари Османи: Не играме фудбал, исполнете го договорот!

t

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, изјавила бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска како реакција на изјавата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Според неа, Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува.

-Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме топката кај кој тим е или на чиво поле. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи, рекла Генчовска.

Таа категорично ја отфрлилила изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека „Европската интеграција на С.Македонија и Албанија е заложник на Бугарија“.

-Тие не го исполнуваат договорот, ни требаат конкретни постигнувања. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот, рекла Генчовска во одговор на прашање на БГНЕС.

Османи денеска на прес-конференција повтори дека „топката“ е кај Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ