Генчовска под притисок: Партијата на Петков апелира да го потпише протоколот со Македонија
Владеачката бугарска партја Продолжуваме со промените ја повика тамошната министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска од партијата Има таков народ (ИТН) да го потпише билатералниот протокол со Македонија и му се заблагодарија на тамошното МНР што „љубезно“ ги доставило преговарачките документи до парламентарната комисија за надворешни работи.
„Сите документи за преговарачкиот процес со Република Македонија љубезно се доставени од Министерството за надворешни работи и министерката Генчовска до членовите на Комисијата за надворешна политика на Националното собрание, кои сега можат јавно да ги коментираат“, посочија од „Продолжуваме со промените“.
Претходно, партијата на бугарскиот премиер Кирил Петков истакна да се отстрани класификацијата „тајност“ од документите.
„Ја повикуваме министерката Генчовска да го отстрани тајниот печат. Го повикуваме и Министерството за надворешни работи што поскоро да го потпише билатералниот протокол што го договори министерката Генчовска – очекување што јавно го соопшти и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. “, инсистираат од ПП.
Се очекува во среда да се состане парламентарната комисија за надворешна политика и да разговара за ставот на бугарското МНР за сите очекувања во однос на предлогот на француското ротирачко претседателство со ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…