Објавено на:

Генчовска со нова провокација: Бараме гаранција за заштита на правата на Бугарите во Македонија

t

Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република  Македонија со бугарска самосвест. Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска која во МНР го прими министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Александар Шаленберг, пренесе БГНЕС.

Двајцата разговарале и за европската перспектива на Западен Балкан, рече Генчовска.

На министерот Шаленберг му ја истакнав постојаната поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Се разбира, напредокот на патот кон членството е секогаш поврзан со принципот на сопствените заслуги. Во последните месеци, сите знаете дека Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република  Македонија, вклучително и преку иницирање формати за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република  Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест – изјави таа за медиумите.

Од своја страна, австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг рече дека неговата позиција е многу јасна и дека Австрија би сакала разговорите со Албанија и Македонија да започнат во јуни.

Секако, свесни сме дека има многу чувствителни точки и прашања во билатералните односи кои треба да се разјаснат – рече Шаленберг.

На 15 април Теодора Генчовска на средба со новинарите во Собранието им рече дека министерството го поддржува ставот донесен за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, но појасни дека постои неусогласеност на теми меѓу министерството и тимот на премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…