Географската положба на македонското малцинство во Република Албанија
Македонското национално малцинство е концентрирано долж албанско-македонската граница во областа Голобрдо, во општините Либражд и Булќиза, областа Преспа во општина Пустец, во селото Верник во општина Девол , во селата Хербел и Горно и Долно Кирчишта во општина Пешкопеја како и во областа Гора во општина Кукес, како и во најголемите градови како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Либражди, Корча, Билишти, Валона, Фиери, Патоши, Скадар и Кукши.

Областа Голобрдо има 21 село и тоа: Фуш Студен, Стеблево, Требишти, Верник, Острени и Вогел (Малестрени), Острени и Мад, Клење, Пасинк, Ладимерица, Ѓиновец, Окштун, Којовец, Лејчан, Радовиш, Себишт, Смолник, Тучеп, Оржанов, Борово, Забзун, Заборѓе.
Мкаедонци има и надвор од областа Голобрдо со мешано македонско и албанско население: Терново, Смолница, Миреши, Торбач, Вичишта. Поле меѓу Маќелара и Пешкопија се наоѓаат 3 села населени со Македонци, Горно Керчишта, Долно Керчишта и Ербеле.

Селото Врбник северо-источно од Корча до Билиши на албанско-грчката граница во правец на Костур.
Областа на Преспа има 9 села: Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноској Черје. Областа Гора има 9 села: Шиштавец, Оршек, Чернолеве, Борје, Оргошта, Запод, Кошаришта, Пакишта, Очицле.
Припадниците на македонското малцинство припаѓаат на христијанската (православната) и муслиманската вероисповед. Македонското национално малцинство албанската држава го гледа како важен мост на соработка меѓу Албанија и Македонија.
Колумна на Никола Ѓурѓај за Тирана Дипломат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…