Геополитичките шокови го демнат денарот, предупредува Славески

t

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот Трајко Славески во интервју во емисијата „Трилинг“ на ТВ24. Посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното окружување.

Славески вели дека главен предизвик е неизвесното геополитичко опкружување и неговото потенцијално влијание врз економијата. Смета дека енергетските шокови веќе се одразуваат врз цените, особено кај нафтените деривати, со постепено прелевање и во останатите сектори, што создава ризици за инфлацијата.

Гувернерот додаде дека во вакви услови, Народната банка води претпазлива и внимателна монетарна политика, со постојано следење на состојбите и подготвеност за навремена реакција доколку се појават дополнителни инфлациски притисоци или други нарушувања.

Иако претходно постоеле услови за постепена нормализација, особено со оглед на намалувањето на инфлацијата којашто во февруари се спушти на 2,9%, Славески смета дека новите светски ризици наметнуваат повнимателен пристап и будност во водењето на политиките.

Според гувернерот, банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Додава дека стабилноста на домашната валута и солидното ниво на девизните резерви обезбедуваат дополнителна сигурност и можност за интервенција доколку е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП: Илјадници фирми работат без фискален уред

Управата за јавни приходи најави дека почнува…

Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра,…

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025…

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи…

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи…

Надворешниот долг на Македонија е зголемен за…

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение…