Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи на речиси 110 долари за барел

t

Цената на суровата нафта „Брент“ се искачи на речиси 110 долари за барел, додека европските индекси малку паднаа, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги суспендира нападите врз енергетската инфраструктура на Иран за 10 дена, до 6 април.

Според податоците на берзата, цените на суровата нафта се зголемија за 1,12 проценти на 95,559 долари за барел во 9:30 часот наутро, а суровата нафта „Брент“ се зголеми за 1,45 проценти на 109,702 долари. „Разговорите се во тек и, и покрај погрешните изјави на лажните медиуми и други, одат многу добро“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека Иран дозволил 10 танкери за нафта да поминат низ Ормутскиот теснец оваа недела како „подарок“ за Вашингтон, но во исто време се појави вест дека американската војска распоредува илјадници маринци и уште неколку воени бродови на Блискиот Исток. Се очекува околу 2.200 маринци од 31-та експедициска единица, кои патуваат на бродот „УСС Триполи“, да пристигнат денес во регионот, според „Волстрит џурнал“, заедно со амфибискиот јуришен брод „УСС Њу Орлеанс“. Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,51 процент на 22.474,77 поени, францускиот CAC 40 падна за 0,29 проценти на 7.752,56 поени, московскиот MOEX падна за 0,03 проценти на 2.821,59 поени, додека британскиот FTSE 100 порасна за 0,14 проценти на 9.985,75 поени. Европските фјучерси за гас за април се тргуваа по цена од 55,750 евра за мегават-час на отворањето на берзата во Амстердам TTF.

Цената на златото се искачи на 4.443,03 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,0774 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,15203 долари, што е за 0,06 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето. Според податоците од американските берзи, вредноста на индексот Дау Џонс падна за 1,01 процент на 45.960,11 поени на затворањето на берзите во четврток, S&P 500 за 1,74 проценти на 6.477,16 поени, а вредноста на индексот Насдак за 2,38 проценти на 21.408,08 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Цените на нафтата скокна на 106 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…

Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…