Георгиевски: Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература

t

Верувам дека изјавата “северномакедонски” на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и ќе биде поправена.

Ова го напиша на својот Фејсбук профил, Љубчо Георгиевски, Претседател на ВМРО Народна партија, кој изнесе и свој став каде лежат проблемите меѓу нашите две држави и нации.

„Вистинскиот проблем е во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на медиуми кои жестоко ја бранат.

1. Тоа е за жал непотребен говор на омраза кој е остаток од времето на ветото кога го имаше во голема количина.

2. Како што со ветото Бугарија го презема гневот од Германија и Франција кои три пати го одложија приемот во ЕУ така сега го презема гневот на Македонците од Грција чија специјалност е името.

3. Името Македонец, македонско секогаш било присутно во бугарската историска литература дури било и синоним. Денешните бугарски патриоти успеаа да престават пред меѓународната заедница дека тоа се две најнепријстелски народа.

4. Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против името Македонец, македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја.

5. Додека српската политка го достига својот врв на србизација на Македонија после ветото, бугарската се радува на ситни победи во документи и извештаи.

6. Конечно после сто и петнаесет години порази од Србите во Македонија време е да почнете да учите од нив“, напиша Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…

Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…

Напад со дронови во Црното Море кај…

Бродот што беше нападнат со дронови во…

Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…

Трилатерална средба на министрите за одбрана и…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…