Георгиевски: И во време на криза СДСМ продолжува со поддршка за земјоделците

t

И во време на светска економска криза, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со вистинска поддршка за сите земјоделци.Донесени се две дополнителни мерки за помош на лозарите и винариите.Воведуваме нова мерка за предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија, со висина од 2 денари по килограм, вели Гоце Георгиевски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој напоменува дека корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино или пак е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет.

-Преку отворен, инклузивен пристап и дијалог со лозарите и винариите успеавме оваа година да постигнеме историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30 отсто.Оваа година грозјето од сортата Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, додека вранецот по 15 денари за килограм.Тоа е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени.Со дополнителните мерки на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус два денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 односно 17 денари.Финансиска поддршка е обезбедена и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година.Корисници на оваа нова мерка се регистрираните производители на вино кои во 2021-2022 година имаат произведено и извезено вино. Финансиската поддршка со оваа дополнителна мерка изнесува од два до четири денари по литар во зависност од видот и големината на амбалажата, појасни Георгиевски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…