Објавено на:

Георгиевски: Не знам зошто Бугарија сака да го оживее Ванчо Михајлов кога има покренато кривични пријави против него

t

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 праша зошто Бугарија сега сака да го „оживее“ Ванчо Михајлов, а пак претходно има покренато кривични пријави против него.

-Бугарија има покренато кривични пријави против Ванчо Михајлов, и ако истиот е контроверзен за некои, јас дури се чудам на бугарската политика како сега сака да го „оживее“ Ванчо Михајлов. Таа се фаќа за моментот на неговото национално самоизјаснување како Бугарин. Меѓутоа целата димензија за нив има нешто пострашно, а тоа е концептот не само на самостојна, туку и на обединета Македонија што го тангира директно нивниот Пирински дел за кои сега зборуваат дека некој од Македонија гаи некаква надеж, вели Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ