Георгиевски со нови скандалозни изјави: Легендарните македонски војводи Чернопеев, Марко Лерински и Попето всушност биле родени во Бугарија

t

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, во своето најново гостување во подкастот „Бугари во устав“, скандалозно отвори дискусија за потеклото на дел од најистакнатите војводи кои учествувале во македонското револуционерно движење, посочувајќи дека голем дел од нив биле бугарски старешини кои биле родени во Бугарија.

Според Георгиевски, овие историски личности влегле на територијата на Македонија со целосна согласност на Гоце Делчев и Централниот комитет на ВМРО, по што станале нераскинлив дел од македонската историја. Во своето излагање, Георгиевски наброја низа познати војводи кои се сметаат за легенди на македонската борба, но чие родно место е во денешна Бугарија: Михаил Апостол Попето, Марко Лерински, Христо Чернопеев, Крсто Б’лгаријата, Атанас Бабата.

Особено внимание во интервјуто, Георгиевски му посветил на Тома Давидов. Георгиевски вели дека Гоце Делчев лично го поставил Давидов за главен воен началник на целиот Битолски округ.

„Битолскиот округ, каде што всушност се крева најсилното Илинденско востание, вклучително и Крушево, бил под директна организација на бугарскиот мајор Тома Давидов,“ нагласи Георгиевски во подкастот.

Покрај подготовката на востанието, Георгиевски вели дека овие старешини имале клучна улога и во други значајни настани за ВМРО. Тој го спомена Петар Јуруков. Според него, Јуруков не само што бил голем пријател на Гоце Делчев, туку подоцна станал и исклучително близок со Јане Сандански, земајќи директно учество во познатата афера „Мис Стон“.

За крај, Георгиевски го потенцираше и Тане Николов, поврзувајќи го со „Битката на Ножот“, која според него е една од најголемите и најзначајните битки кои некогаш ги водела ВМРО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Георгиевски со нови скандалозни изјави: Легендарните македонски…

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, во своето…

„СДСМ е против една изборна единица, се…

Левица преку соопштение обвини дека СДСМ одбива…

Цената на нафтата достигна речиси 79 долари…

Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе…

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на уште две…

Јужнокорејскиот суд го осуди поранешниот претседател Јун…

Ормускиот теснец е затворен?; Трамп: „Не ме…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да…