Георгиевски: Странски археолози објавија дека најстарата европска населба се наоѓа во Македонија, а нашата власт молчи за да не се налутеле Србите
„Пред 20-тина дена германски универзитети објавуваат дека меѓународна екипа на археолози, во која учествуваат и Грци што е многу интересно, утврдила дека местото – неолитската населба Влахо кај Битола е најстарата неолитска населба во Европа. 20 дена ја нема таа информација во Македонија. Знаете ли зошто? После објавувањето на тоа, српските археолози почнаа напад како може да има нешто постаро од Лепенски Вир“ рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“.
Тој додаде дека сега се верува дека Лепенски Вир е најстарата населба во Европа и дека е зачуден што никој не зборува дека според новите откритија најстарата населба е во Македонија.
„Тоа не треба патриотската Влада на ВМРО – ДПМНЕ да направи посебен настан? Да каже дека ако досега сме одвојувале 3.000 евра, сега ќе одвоиме 300.000 евра па ќе направиме туристички центар? Ќе дадеме пропаганда на меѓународни медиуми да доаѓаат луѓето во Европа да ја гледаат каде е првата населба во Европа? И гледајте каков е тој молк за да не се замериме со Србите“ рече Георгиевски.
Тој рече дека ова е пример дека сме под туѓа контрола како држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…
Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…