Герапетритис: Европа треба конечно да се погрижи Западен Балкан да стане приоритет
Европа треба конечно да се погрижи Западен Балкан да стане приоритет. Дваесет и две години по почетокот на процесите, Грција продолжува да биде сила која го забрзува процесот, истакна шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на Европската унија во Луксембург.
Министерот за надворешни работи на Грција се осврна на актуелните ситуации во Украина и на Блискиот исток, но и на позицијата на Европа, нагласувајќи дека „Европа ќе треба да расте, да стане посилна, помоќна“.
-Европа треба да говори со обединет глас, кој ќе се заснова на вредностите на Европа, на безвременските вредности кои ги истакнаа европските институции: вредноста на почитувањето на меѓународното право, на мирното решавање на споровите, прекинот на непријателствата на сите фронтови, посветеноста на вредностите на владеењето на правото и демократијата, порача Герапетритис.
За Украина посочи дека „непријателствата треба веднаш да престанат“ и ги осуди нападите од изминатите денови, додека за Блискиот Исток, рече дека „Европа треба да биде активно присутна за да можат да престанат сите непријателства“ и изрази загриженост за ситуацијата на Западниот Брег.
– Ќе треба да започне политички дијалог, што ќе доведе до решение за формирање на Палестинска држава, со учество на палестинската управа, која е единствената легална и легитимна власт во поширокиот регион, рече Герапетритис.
Дополнително истакна дека Европа треба да има активно присуство и во Сирија, но и во хуманитарните кризи и во Африка и во другите делови на светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…