Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за пазарење во локални продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции.
Тој, рече дека во план е изградба и на нова градинка во близина на Клиничкиот Центар.
„Станува збор за модерна и урбана градинка, која по изглед и функционалност ќе наликува на „Пролет“. Инвестициите во најмладите остануваат приоритет. Планираме и еден поголем капитален проект за повозрасните жители , а тоа е изградба на дом за стари лица во општината, нешто што со години се бара, а го нема во градот. Секојдневно слушаме колку се високи трошоците за сместување во приватни домови, а и тоа што го читаме покажува дека голем дел од нашите постари сограѓани не се задоволни од условите и третманот“, изјави Герасимовски.
Во интервјуто, Герасимовски истакна дека за најмладите се воведува нова мерка – бесплатен здрав оброк за учениците од прво до четврто одделение, а за учениците од петто до деветто одделение се планираат бесплатни екскурзии низ Македонија, за да ја запознаат убавината на нашата земја.
„Овие проекти се дел од нашата програма што ја пишуваме веќе четири години, заедно со граѓаните. Се работи за голем број капитални инвестиции, меѓу кои и зголемувањето на капацитетите за паркирање, што е еден од најприоритетните и најчесто спомнувани проблеми во сите анкети и истражувања. Планираме наскоро да започнеме со решавање и на тој предизвик“, додаде Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…