Герасимовски во Капиштец: Секој граѓанин ќе може онлајн да ја следи бучавата на клучните точки во општината

t

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата.

„Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и побаравме сите надлежни институции и ресорни министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, бидејќи станува збор за прашање кое е во надлежност на повеќе институции, а не само на локалната самоуправа. За жал, иако имавме многубројни координативни средби, на терен не добивме соодветна поддршка“, истакна Герасимовски.

Тој нагласи дека Општина Центар во рамки на своите надлежности редовно спроведува контроли и изрекува санкции, а на повеќе локации низ општината се поставени дигитални мерачи за бучава. „Апликацијата наскоро ќе биде достапна онлајн и секој граѓанин ќе може да ја следи бучавата на клучните точки во општината, вклучително и во Капиштец. Еден од мерачите е поставен во близина на угостителски објект на улицата „Народен фронт“. Податоците ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар“, рече Герасимовски. Жителите побараа засилено присуство на полицијата во населбата, посочувајќи дека во ноќните часови се нарушуваат редот и мирот во околината на угостителските објекти. Тие укажаа и на узурпација на јавните површини, како и на несоодветно однесување на дел од посетителите во алкохолизирана состојба. „Општина Центар останува отворена за соработка со граѓаните и ќе продолжи активно да ги презема сите мерки што се во нејзина надлежност за подобрување на квалитетот на живот во Капиштец и останатите населби“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…

Се издавале одобренија за градење на фотоцентрали…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…

Холандија повлече 86 тони злато од САД…

Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…

Камионџиите од западен балкан најавија блокади –…

Професионалните возачи на камиони од земјите на…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…