Герасимовски ја донираше платата за лекување на болен ученик

t

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.

По извршената донација Герасимовски ја повика општинската администрација, и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, а на советниците од Советот на Општина Центар им предложи да го следат неговиот пример и донираат половина од своите советнички паушали. Станува збор за ученик од 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Никола Трајковски.

-Ве повикувам и вас, сите хумани граѓани да донирате и да го споделите овој повик. Ајде заедно да му помогнеме на Никола да победи во оваа тешка животна борба. Општина Центар и центарци се познати по својата хуманост. Тука сме биле секогаш да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да го докажеме тоа уште еднаш, повика Герасимовски на социјалните мрежи.

Герасимовски потенцираше дека на Никола му е потребна помош по што ги сподели податоците на родителот Илијан Трајковски на кои сите заинтересирани граѓани може да донираат:

Жиро-сметка за донации:

300007085791933

Илијан Трајковски Ул. Костурски Херои бр. 40/3-3

Комерцијална Банка

-За Општина Центар хуманоста не признава граници, вери, религии или етничка припадност. Тука сме да подадеме рака и да пружиме помош онаму каде што е најпотребна. Да бидеме хумани, порача Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…