Герасимовски: Ќе се врши проценка на штетите од невремето, граѓаните да ги пријават оштетувањата
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.
„На состанокот со колегите од другите општини ја разгледавме состојбата на теренот и последиците од невремето. Штабот за заштита и спасување на Општина Центар денеска веќе даде насоки за формирање комисија пред која граѓаните ќе можат да ги пријават штетите, а истото ќе го направат и другите локални самоуправи“, истакна Герасимовски.
На средбата беше договорено, во координација со Град Скопје, да се изврши стручна проценка на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.
Истовремено, беше договорено и засилување на координираните контроли на терен.
„Со колегите градоначалници договоривме општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да спроведат засилени и строги контроли“, додаде Герасимовски.
На состанокот беше договорено да се проверат сите локации и објекти каде што има оштетени кровни конструкции, со цел да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека за нивното одржување се надлежни куќните совети. На средбата се дискутираше и за тековните активности на терен, при што беше истакнато дека мобилните екипи на Општина Центар интензивно работат на нормализирање на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…
Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…