Германец и Белгиец снимале голи деца во камп

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ.
Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира во камп во областа Премантура.
Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.
Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица.
Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.
Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни уреди, често скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На партиски состанок со службено возило!Вицепремиерот за…
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи наместо…
Германец прегазил мотоциклист во Чаир
Дваесет и тригодишен скопјанец е тешко повреден…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Приведен Германец кој пливал до претседателската вила…
Охридската полиција информира за приведен германски турист,…
38 деца се повредени откако гром удрил…
Најмалку 38 деца итно се префрлени во…