Објавено на:

Германец и Белгиец снимале голи деца во камп

t

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ.

Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира ​​во камп во областа Премантура.

Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.

Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица.

Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.

Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни уреди, често скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен германец, со дрон ја снимил караулата…

Приведен е државјанин на Германија, со дрон…

На граница уапсен 74-годишник од Германија, полицијата…

Полицијата на граница уапсила 74 годишник од…

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со…

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…

„За тие пари ќе си одиме на…

Во Фејсбук групата „Камп Љубаништа“ беше споделена…

Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…