Германија е нов светски владетел, Србија остана без злато

t

Репрезентацијата на Германија е нов светски шампион во кошарка. „Панцерите“ славеа во големото финале против Србија со резултат 83-77 и дојдоа до првото историско злато за својата земја.

Првото полувреме донесе многу изедначена игра. Србија имаше минимално водство во текот на првите дваесет минути, но Германците успеаја да го израмнат резултатот и тимовите замина на паузата со егал ситуација, 47-47.

„Орлите“ на Светислав Пешиќ многу полошо го започнаа второто полувреме. Третата делница донесе многу проблеми за Србија во нападот, додека Германија одигра цврста и силна одбрана и го доби овој период со 22-10.

Беше јасно дека нашиот северен сосед ќе мора многу поангажирано да пристапи во последниот период, но германскиот селектор Херберт одлично ги имаше поставено своите момчиња и Германија. Аврамовиќ промаши два „зицера“ во серија, но веднаш потоа постигна тројка и намали на 71-62, а потоа Србија намали на „минус седум“ со поените на Петрушев.

Се обидоа српските кошаркари да се доближат уште повеќе, намалија и на четири разлика, но Германија не дозволуваше целосен „кам-бек“. Во последните четири минути беше видена голема борба на паркетот, но Србија одново влезе во серија грешки која најавуваше дека полека го губи големото финале. Марко Гудуриќ промаши „тројка“ за израмнување на 78-78 во последните 45 секунди, а потоа Денис Шрудер постигна клучни поени и го постави конечниот резултат 83-77, за огромно славје на германските кошаркари.

Најефикасен играч на натпреварот беше со Шрудер со 28 поени, додека зад него беше Вагнер уште деветнаесет. Кај репрезентацијата на Србија најдобар поединец беше Алекса Аврамовииќ со 21 поени зад своето име, а Богдановиќ придодаде уште седумнаесет.

Извор: gol.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…