Германија: Мора да се спречи натамошна ескалација меѓу Косово и Србија
Германското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека мора да се избегне натамошна ескалација меѓу Србија и Косово и дека е важно Србија, како што велат, веднаш да го намали бројот на српски војници на граничниот премин со Косово.
Од МНР на Германија на социјалната мрежа „Х“ посочија дека итно треба да продолжи политичкиот процес меѓу двете партии.
„Мора да се избегне натамошна ескалација меѓу Србија и Косово. Важно е Србија да ги намали своите војници на границата со Косово без одлагање. Заедно со нашите партнери, ние сме во директен контакт со инволвираните страни. Политичкиот процес треба итно да продолжи. изјавија.од Министерството за надворешни работи на Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…
Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…
Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…
Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…
Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…
По изборната победа во Србија, студентското движење…