Објавено на:

Германија санкционираше поранешен канцелар поради блискост со Путин

t

Јавно финансираната канцеларија на Герхард Шредер ќе биде затворена, а нејзиниот преостанат персонал ќе биде прераспределен поради зголеменото незадоволство од одбивањето на поранешниот германски канцелар да се дистанцира од рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

Обичај е сите германски лидери да добијат канцеларија финансирана од државата кога ќе ја напуштат владата, но трите партии кои ја сочинуваат владината коалиција на актуелниот канцелар Олаф Шолц се согласија со парламентарниот предлог за затворање на канцеларијата на Шредер.

Тие ја донесоа одлуката по неговото одбивање да го осуди Путин, кого сè уште го нарекува близок личен пријател и покрај руската инвазија на Украина.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер изјави дека е незамисливо „поранешниот канцелар, кој сега отворено врши лоби работа за криминалното владеење на Владимир Путин, сè уште да добива канцеларија од даночните обврзници“, во интервју за ТВ Велт.

Германските медиуми објавија дека Шредер (78) заработува пари од руските државни енергетски компании.

„Буџетската комисија забележува дека поранешниот канцелар Шредер повеќе не извршува никакви должности што произлегуваат од неговата поранешна функција“, се вели во заедничката иницијатива на партиите.

„Затоа канцеларијата ќе биде затворена“.

Овој потег не влијае на пензијата од 7.000 евра месечно што ја добива тој.

Шредер, социјалдемократ како Шолц, е можеби и најтесно поврзаниот германски политичар со рускиот претседател Путин.

Германските критичари велат дека војната во Украина е спектакуларна илустрација за неуспехот на таа политика и го обвинуваат Шредер, кој како канцелар ја спонзорираше изградбата на повеќе гасоводи, за продлабочување на енергетската зависност на Германија од соседот кој сега стана непријателски.

Шредер отсекогаш велел дека неговите врски со Путин се суштински канал за комуникација со човекот што светот не може да си дозволи да го игнорира.

Незадоволството од ставот на Шредер ги погоди неговите најблиски колеги: четворицата вработени во неговото биро поднесоа оставки како резултат на одлуката на Шредер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…