Германија со критики до Србија поради „неприфатливата“ политика за мигранти
Германските власти денеска ја критикуваа „неприфатливата“ визна политика на Србија дека придонесува за напливот на мигранти во ЕУ и го повика блокот да преземе координирана акција на тековните разговори оваа недела. Берлин се противи на безвизниот режим на Белград за неколку земји чии граѓани ја користат Србија како транзит за влез во ЕУ.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека таа и нејзините колеги од ЕУ ќе разговараат за „ситуацијата во Србија и засилено распоредување на (граничната агенција на блокот) Фронтекс“ на состанок в петок, јави ДПА.
„Јасно да се каже: визната практика на Србија е неприфатлива и води кон (зголемени) движења на балканската рута“, изјави таа во Берлин.
Србија, кандидат за евентуално членство во ЕУ, е на таканаречената балканска рута што ја користат мигрантите кои се упатуваат кон Западна Европа додека бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, Азија и Африка.
Извештајот на Европската комисија за 2022 година за миграцијата и азилот, објавен овој месец, покажа дека „се поголем број луѓе“ пристигнуваат по воздушен пат во Србија поради нејзините „безвизни режими“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…