Германија со нова донација во опрема за граничната полиција на МВР

t

Во рамки на соработката помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Сојузна Република Германија и Република Македонија денеска амбасадорката Петра Дрекслер предаде дополнителна полициска опрема на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, претставувано од директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски, при што во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово, се спроведе официјална церемонија за примопредавање на опремата, на која соодветно беше презентирана донираната опрема.

Пред одржувањето на церемонијата се реализираше и билатерална средба помеѓу амбасадорката Петра Дрекслер и директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски, на која беше разговарано за одличната оперативна соработка помеѓу полициите на двете земји, која се спроведува помеѓу соодветните служби во рамки на Бирото за јавна безбедност и Канцеларијата за врски на германската Сојузна полиција во рамки на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, како и за намерата за продолжување на поддршката од германска страна за Министерството за внатрешни работи во иднина.

Поддршката е со вкупна вредност од околу 210.000 евра и опремата е набавена од страна на Сојузната полиција. На Граничната полиција на Република Македонија и се предаваат пет патролни возила, еден минибус, како и уреди за проверка на документи. Освен тоа, во Центарот за обука на МВР во Идризово со нов мебел и техника се опремени две училници за обуки.

Од 2020 година германската Сојузната полиција ги поддржува колегите од Република Македонија со полициска опрема и тоа со вкупна вредност од преку два милиони евра.

Помошта во вид на опрема се реализира преку Канцеларијата за врски на германската Сојузната полиција во Скопје и со тоа се нуди поддршка на Гранична полиција на Република Македонија уште поефикасно да се справи со предизвиците при сузбивањето на прекуграничниот криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…

САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…

Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…

„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…

Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…

СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…

Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…