Германија ја отвори првата рафинерија на литиум во Европа
Компанијата „АМГ- Литиум“ („AMG Lithium“) ја отвори првата рафинерија за литиум во Европа во Битерфелд-Волфен, Германија. Рафинеријата е изградена за нешто повеќе од две години и чинела околу 140 милиони евра, пишува Јуронуз.
Поголемиот дел од литиумот за фабриката ќе дојде од Бразил. Задачата на рафинеријата е потоа да го претвори суровиот материјал во литиум хидроксид компатибилен со батерии. Се очекува фабриката да произведува 20.000 тони литиум хидроксид годишно, доволно за напојување на 500.000 електрични возила. Литиумот е клучна компонента во производството на батерии за електрични возила (ЕВ). Тоа е елемент кој е многу баран како резултат на глобалната транзиција кон зелена енергија.
Како одговор на нејзината растечка побарувачка, ЕУ предложи Акционен план за критични суровини за 2020 година, кој има за цел да ја намали зависноста на Европа од надворешни извори на снабдување.
Во иднина тука ќе се произведува и литиум од европските рудници, како Португалија и планината Ерзгебирге (Крушне Хори) на границата на Чешка и Германија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…