Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата
„Ситуацијата во Србија останува загрижувачка. Активистите се мета на напади и кампањи на оцрнување само затоа што го креваат својот глас“, оцени германското МНР на платформата Икс.
Берлин нагласи дека „медиумите и политичарите треба да се однесуваат одговорно“ и потсети дека Србија како кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува владеењето на правото и човековите права.
Изјавата доаѓа во контекст на повеќемесечни протести во Србија, каде што демонстрантите бараат одговорност по трагичниот инцидент во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица по уривањето на кровната конструкција на железничката станица на 1 ноември.
Белград остро реагираше на германското соопштение, оценувајќи дека е резултат на „клеветничка кампања“.
„Категорично ги отфрламе овие неосновани генерализации. Сите сомнежи треба да се расчистат преку конструктивен дијалог и докази, а не преку неосновани тврдења“, соопшти српското МНР.
Српските власти додадоа дека земјата има „разновиден политички и медиумски пејзаж“ и останува посветена на демократските вредности и човековите права, барајќи од Германија да пристапи кон овие прашања со почит кон суверенитетот на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…