Германија ќе внимава Украина да не го употреби донираното оружје за напад на Русија
Германија ќе внимава Украина да не го користи германското оружје што ѝ е доставено за напади на руска територија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на состанокот со жителите на градот Бендорф.
„И во иднина ќе биде така… За нас е многу важно оружјето што го снабдуваме и со кое Украина може да се одбрани да не се користи за напад на руска територија“, рече Шолц, зборувајќи за воената помош за Украина. .
Тој нагласи дека Германија никогаш не презема „еднострани чекори“, туку секогаш дејствува во „договор со партнерите“. Канцеларот исто така истакна дека политиката на Берлин не вклучува само поддршка за Киев, туку и спречување на ескалација на конфликтот меѓу Русија и земјите од НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…