Германија ќе испорача 15 “Гепарди” во Украина
Германија во јули ќе и ги испорача на Украина првите 15 тенкови „Гепард“, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги медиумските извештаи, пренесуваат британските медиуми.
Дојче веле јавува дека тенкот „Гепардот“ има два топа од 35 милиметри и се користи во борба против авиони и хеликоптери на височина до 3500 метри, како и против лесно оклопни цели на земјата. Тоа значи дека може да се користи и за одбрана и за напад.
„Гепардот“, меѓутоа, нема да има никакви шанси против борбен тенк, бидејќи неговите топови имаат релативно мал калибар.
Тенкот има радиус на движење од околу 550 километри, а може да се движи низ вода, без посебна дополнителна опрема.
„Гепардот“ се произведува од 1976 година, а тоа што е важно за мисијата во Украина е што оружјето на тенкот е развиено, меѓу другото, и за борба против оклопните напаѓачки хеликоптери, како што е рускиот „Ми-24“.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…
Месечните загуби на Русија во Украина го…
Сменетиот украински министер ќе биде советник на…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
Повеќе од 200 лица евакуирани по руски…
Повеќе од 200 лица биле евакуирани во…
Германија заостанува со резервите на гас: Студената…
Германија заостанува со полнењето на складиштата за…
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани…
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани…