Германија ќе испрати уште еден систем „Патриот“ на Украина
Системот доаѓа од залихите на Бундесверот и треба веднаш да биде предаден, соопшти Министерството.
Досега Германија испорача два системи Патриот на Украина. Системот се докажа во борбата против руската агресија, наведе Министерството за одбрана во Берлин.
Испораката треба да се гледа и во контекст на интензивните заеднички напори на министерот за одбрана Борис Писториус и министерката за надворешни работи Аналена Бербок да лобираат кај партнерите за повеќе системи за воздушна одбрана за Украина, пренесе ДПА.
– Рускиот терор врз украинските градови и инфраструктурата на земјата предизвикува неизмерно страдање, рече Писториус, според соопштението за печатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Ѓорѓиевски: Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин…
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна…
Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…
Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…
Нетанјаху ја губи поддршката за формирање влада,…
Позицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…
(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта…
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели…