Германија ќе распореди воени бродови во Медитеранот за можна улога во Ормуската Теснина
Германски поморски единици ќе бидат распоредени во Медитеранот како подготовка за евентуално учество во мисии во Ормуската Теснина, изјави министерот за одбрана Борис Писториус.
– Ќе бидат распоредени миноловец и команден и снабдувачки брод, изјави Писториус за весникот „Рајнише пост“. Тој не прецизираше кога точно ќе заминат бродовите.
Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, Иран одговори со ефикасно блокирање на Ормуската Теснина.
Блокадата предизвика големи нарушувања во глобалната трговија, зголемувајќи ги цените на нафтата и гасот. Повторното отворање на теснецот беше главна пречка во преговорите за завршување на војната.
– Предусловите за какво било распоредување би вклучувале одржлив прекин на огнот, правна рамка според меѓународното право и мандат од германскиот Бундестаг, долниот дом на парламентот, рече Писториус.
Министерот посочи на поморските капацитети на Германија во чистењето на мини, нагласувајќи дека земјата игра водечка улога во рамките на НАТО во оваа област.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно изјави дека земјата е подготвена да учествува во мултинационална мисија за обезбедување на Ормутската Теснина.
Според канцеларот, Германија е подготвена да придонесе за обезбедување на слободата на пловидба преку обезбедување капацитети за чистење на мини и поморско извидување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Со секое заминување се прекинува нишка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…
27-годишник од Македонија убиен во Берлин
Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…
Латвија планира да воведе царина од 300…
Владата на Латвија планира да воведе царина…
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…