„Германија ќе спадне на питачки стап“
Поради високите трошоци за струја и гас, Германија „ќе спадне на питачки стап“.
Субвенциите и издавањето должнички хартии од вредност нема да донесат ништо добро, објави денеска рускиот бизнисмен Олег Дерипаска на својот канал на Телеграм.
Цената на струјата и гасот за германските компании и обичните граѓани ќе ја доведе некогаш успешната економија, главната економија на Европа, до дефицит и питачки стап“, вели Дерипаска, пренесува Комерсант.
Вака рускиот претприемач ја коментираше веста за одлуката на германското Министерство за финансии да го суспендира механизмот „должничка кочница“
Овој механизам го ограничува износот на пари што германската влада може да го позајми.
„Должничка кочница“ беше воведена во 2016 година и веќе беше привремено суспендирана на три години за време на пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…