Германската армија е во најлоша состојба досега поради помошта за Украина: Нема ни медицински материјал, а не муниција

t

Германската армија е во најлоша состојба досега поради помошта за Украина, пишува „Економист“.

Како што е наведено во нивната статија, нема ни доволно количество медицински материјал, а да не зборуваме за резерви на муниција.

Според стандардите на НАТО, муниција треба да има доволно за еден месец, но Бундесверот ја има само за неколку дена.

„Радио опремата што ја користи германската армија е стара над 40 години и е аналогна, што значи дека нејзините сигнали лесно се пресретнуваат. Од 350 пешадиски борбени возила Пума, само 150 се оперативни“, се наведува во написот.

Весникот додава дека Германија нарачала 35 ловци Ф-35, но нема да ги добие до 2027 година.

Потсетуваме, Шолц на почетокот на неделата најави префрлање на 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и дека Германија „секогаш ќе биде меѓу првите“ кога е во прашање поддршката за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…