Објавено на:

Германската министерка за надворешни позитивна на Ковид-19

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок доби позитивен тест на коронавирус веднаш по почетокот на нејзината посета на Пакистан, изјави денеска портпаролот на Министерството.

По посетата на Пакистан, Бербок требаше да отпатува во Грција и Турција.

Бербок добила позитивен тест по ручекот, откако забележала дека го изгубила чувството за вкус, соопшти нејзиното Министерство. Се додава дека брзиот антиген тест, што го направила утрото бил негативен, пренесува Дојче веле.

Министерката веќе имаше разговори со нејзиниот колега Билавал Буто Зардари, кои беа фокусирани на билатералната соработка и регионалните предизвици, вклучително и ситуацијата во Авганистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Бербок: Украина ќе ја „зајакне ЕУ“

Аналена Баербок вели дека не треба да…