Германската полиција бара сведоци за разрешување на убиството на македонскиот државјанин во Есен
Полицијата во германскиот град Есен објави повик на нивната бев-страница да се пријават сведоци на убиството на 32-годишниот македонски државјанин кој со тап предмет беше убиен викендов.
„За да се расчистат прецизните факти за случајот, шефот на одделот за убиства ургентно бара повеќе сведоци на кривичното дело. Поточно, бараме од минувачи кои биле на улицата Кетвигер од областа Бургплац до плоштадот Вили Брант помеѓу 1 и 2.15 часот и забележале луѓе како се расправаат да нè контактираат“, стои во објавата на полицијата во Есен.
Ноќта помеѓу саботата и неделата, во полицијата во Есен била пријавена расправија на улицата Кетвигер. Кога пристигнале полицајците, затекнале сведок како се обидува да му помогне на човек во бессознание. Сведокот кажал дека имало расправа помеѓу повредениот човек и двајца други мажи, која што потоа преминала во физичка пресметка.
Повредениот е македонски државјанин, кој потоа во болница починал од повредите од удари со тап предмет. Двајца осомничени избегале кон железничката станица.
Врз основа на описот на сведокот, полицајците уапсиле 25-годишник од Еритреја на главната железничка станица во Есен и 29-годишен Еритреец на главната железничка станица во Милхајм.
Како дел од истрагата, сомнежот против 29-годишникот бил потврден и тој веќе е во притвор за убиство. 25-годишникот е пуштен на слобода.
Истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Воен авион се урна во американска воздушна…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…
Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…