Германска амбасада за „Локално“: Болно е тоа што повторно треба да се отвори Уставот

t

Болно е што повторно треба да се промени македонскиот Устав, но ветената измена содржински не е проблематична, изјавила амбасадата на Германија за порталот Локално.

– Како што кажа и Сојузниот претседател во Собранието, Македонија толку долго работеше на својата европска иднина, следната година би требала да ја спроведе ветената измена на Уставот, којашто содржински впрочем не е проблематична. Сите кои ја сакаат оваа европска иднина и сакаат да избегнат понатамошни одложувања, би требало да гласаат за уставната промена – нагласила Германската амбасада.

Од таму додаваат дека овој чекор е од интерес на целокупната јавност.

– Разбираме дека е болно што повторно треба да се измени Уставот, но овој чекор е во интерес на граѓаните на земјата, бидејќи реформскиот процес на патот кон ЕУ не е цел за себе: реформите ќе го подобрат животот на луѓето, успешен реформски процес значи подобра правна држава, потиснување на корупцијата, поголема транспарентност во јавната администрација вклучително и при доделувањето на позициите, почиста животна средина благодарение на сукцесивно воведување на европските норми итн – истакнуваат од Амбасадата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…