Германска банка под истрага поради финансирање на еден од најголемите бордели во Европа
Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинески бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.
Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит.
„Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара информации за одобрениот кредит. Банката, исто така, наведе дека Јирген Нојтгенс, е невин сè додека не се утврдат сите околности и оти тој сè додека не заврши истрагата нема да доаѓа на работа.
Нојтгенс од 2018 година е одговорен за деловните клиенти, приватното банкарство и управување со ризици.
Според неиманувани извори, „БаФин“ истражува дали Нојтгенс зел провизија за одобрениот кредит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…