Германска зоолошка ќе го менува името на дива свиња што се вика Путин
Дива свиња по име Путин, кој живее во зоолошката градина во германскиот град Оберфранкен, ќе го смени името поради војната во Украина.
Директорот на паркот, Екард Микис, вели дека дивата свиња дошла во паркот како младенче, а бидејќи е по потекло од Русија, ја нарекол Путин.
Во меѓувреме се покажа дека ниту една свиња не заслужува такво име – вели Микис.
Тој додаде дека бегалците од Украина може бесплатно да влезат во таа зоолошка градина и дека би било непријатно да се слушне името на Путин.
Микис најави дека новото име ќе биде дадено врз основа на онлајн конкурс кој веќе е објавен.
На конкурсот за новото име пристигнале околу 2.700 предлози, а како фаворити се издвоиле Зеленски или Кличко, но Микис вели дека повеќе не сака да им дава на животните имиња од политичарите, па избира меѓу Игор, Фредерик и зборот „мир“ на руски јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар…
Левица предупредува дека најавите за ново раководство…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…