Објавено на:

Германскиот извоз на воена опрема во Украина е четири пати поголем од минатата година

t

Германскиот извоз на воена опрема во Украина од јануари до септември е четири пати поголем во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска германското Министерство за економија.

За девет месеци од годинава Германија извезла воена опрема со вкупна вредност од 8,76 милијарди евра, а вредноста на извозот во Украина е 3,3 милијарди евра.

Во истиот период од 2022 година, Берлин извезол воена опрема во Украина за 775 милиони евра.

Киев во моментов е најголемиот увозник на воена опрема од Германија. На второ место е Унгарија која годинава увезла воена опрема од Германија за 1,03 милијарди евра, а на трето се САД со увоз вреден 467 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…

Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…

КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…

Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…

Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…

Моралната одговорност не се мери на избори

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…