Германски министер контра Маричиќ: Бугарија да го признае македонското малцинство

t

Пораешниот германски државен секретар за Европа, а сега само пратеник, Михаел Рот побара да има реципроцитет во однос на малцинствата во двете змеји, односно како што Македонија признава бугарско малцинство, така и Бугарија треба да го признае македонското малцинство.

Многу добро што се среќаваат новите шефови на влади на Бугарија и Македонија! Како што Македонија го признава бугарското малцинство во Македонија, така и официјална Софија мора конечно да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Пред два дена бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека никогаш тој или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата.

Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, рече Петков.

Пред неколку дена новиот вицепремиер за европски прашања на прес-конференцијата со германската министерка за Европа Лирман рече дека останува праксата на немешање во внатрешните работи на други држави

Изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на првата прес-конференција на оваа функција, која ја имаше со германската министерка за Европа Ана Лирман.

„Најпрво мислам и досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било нашата соседна држава, а тоа е обврска од Уставот. Не е на Северна Македонија да кажува каде какво како малцинство има во некоја држава во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави, вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение има право да си ги бара своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска“, рече Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: Гласањето тече без проблеми

Со право на глас на овие избори…

Гласањето за претседател во затворот Идризово се…

Во затворот Идризово гласањето за претседателските избори…

(Фото) Честитки! Водителот Марко стана татко на…

Водителот Марко Новески и енговата сопруга Цена…

Шојгу: Украина загуби речиси половина милион војници,…

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу…

Беќаровски: Дон Кихот кончено го напуша оклопот,…

Триесет и пет години бев најголем борец…