Приватен авион или летало на НАТО – што падна во близина на скопскиот аеродром?

t

Приватен авион, параглајдерист или летало на НАТО – се уште не е јасно што се случи над Македонското небо и дали се работи за несреќен случај или само губење на комуникација со Македонската контрола на летање.

Според една верзија, некакво летало попладнево околу 17.40 изгубил контакт со македонската контрола на летање.

Втората верзија е дека се работи за летало на НАТО, а просторот во моментов го обезбедуваат силни полициски сили како што може да се забележи и од фотографијата од терен.

МВР се уште не ја демантира, ниту ја потврдува информацијата. Од ПП Скопје велат дека добиле насока од полицијата да бидат на приправност.

И во двете верзии, очевидци од селото велат дека виделе бело летало во многу низок лет, а веднаш потоа и татнеж, но не се сигурни за изворот на експлозијата.

Од контрола за летање за Инфомакс велат дека според нивните податоци, сите закажани слетувањеа и полетувања се редовни и без проблеми, но и дека немаат забележано некаков инцидент.

Според информациите на Инфомакс од МВР, потрагата е завршена, а не било најдено никаква индикација за срушено летало.

Во моментов откажана е секаква потрага поради лошото време и ноќта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евакуирани 1.300 жители на Ниш, се уништува…

Началникот на Одделението за вонредни состојби на…

Лавров: Русија не сака да ги напаѓа…

„Русија не сака да ги напаѓа земјите…

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО…

НАТО работи на можноста за испраќање повеќе…

Командантот на НАТО за Европа: Треба да…

Врховниот командант на НАТО за Европа, генерал…

(Видео) Пендаровски за Ковачки: Колку вреди зборот…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во…