Германски чиновник „претерал“ со прекувремена работа, наплатил стотици илјади евра за ништо

t

Државното обвинителство во германскиот град Брауншвајг поведе постапка против вработен во градското собрание на Бад Закза, гратче со 7.500 жители во покраината Долна Саксонија, кој е осомничен дека преку злоупотреби на исплатите за прекувремена работа, го оштетил локалниот буџет за стотици илјади евра.

Според медиумите, долгогодишниот вработен наводно секоја година од прекувремена работа и дежурства наплатувал сума што била четирикратно повисока од неговата основна плата. Според неговиот договор, тој годишно добивал околу 50.000 евра основни примања, но преку бонуси за прекувремена работа и дежурства наплатувал дополнителни 150.000 евра секоја година.

Властите засега не откриваат повеќе детали од истрагата и не ги потврдуваат наводите и сумите кои ги објавија медиумите.

Јавното обвинителство во Брауншвајг и полицијата истражуваат неколку случаи на злоупотреби во администрацијата на Бад Закза. Во средата, 45 полицајци претресле девет имоти, вклучително и Градското собрание, неколку владини канцеларии и просториите на две локални компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…

Силно невреме вчера зафати делови од Германија…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…

Германија се соочува со хибридни напади од…