Објавено на:

Германците поддржуваат испраќање меѓународни сили во Украина, но не и германски

t

Поголемиот број Германци ја поддржуваат идејата за меѓународни мировни сили во Украина во случај на прекин на огнот, но без учество на германската армија, покажа денеска објавената анкета. Истражувањето на Институтот YouGov за агенцијата ДПА покажа дека 56 отсто од испитаниците поддржуваат испраќање сили во Украина. Но, поддршката за учество на германски војници во таква мисија е многу помала, а се согласуваат само 23 отсто од Германците.

33 отсто од нив се против учеството на германските сили, а 19 отсто се целосно против каква било меѓународна мисија во Украина. Една четвртина од испитаниците немаат мислење за темата. Истражувањето беше спроведено на интернет во периодот од 20 до 23 декември и опфати 2.194 луѓе од сите делови на Германија.

Иако не се чини дека војната наскоро ќе заврши, НАТО размислува како да постигне прекин на огнот меѓу Украина и Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја отфрла дискусијата за мировните сили, а германскиот министер за одбрана Борис Писториус зазеде сличен став во интервју за медиумската групацијата „Функе“ пред Божиќ.

Писториус рече дека дискусијата ќе има само кога ќе се постигнат условите за примирје, но додаде дека Германија како најголема европска членка на НАТО мора да биде дел од евентуалната мисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…