Германците стравуваат дека ќе останат без залихи: Украина дневно троши муниција колку што Германија произведува за половина година
Поранешниот претседател на Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, изјави дека Украина дневно троши онолку муниција колку што Германија произведува за половина година.
Украина е принудена да троши онолку муниција на ден колку што ние произведуваме за половина година. Нашите залихи ќе се потрошат во догледна иднина“, вели Ишингер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Според него, воената економија ќе значи дека Германија, усогласувајќи се со своите партнери од НАТО и Европа, „ќе ја спроведе иницијативата и ќе ги покани европските одбранбени компании да произведуваат повеќе оружје и муниција поради војната“.
Не се работи само за испорака на тенкови, туку и за артилерија, муниција, ракети, системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала“, вели Ишингер.
Зборувајќи за можноста за преговори со Русија, Ишингер изјави дека „во овој момент преговорите со претседателот на Русија, Владимир Путин, можат да дадат малку“.
Сепак, нема да бидат грешка. Во дипломатијата често се случува во текот на неколку недели и месеци да има разговори кои не водат до ништо, но сепак се неопходни“, вели дипломатот.
Тој додава дека „неопходни се постојани канали за комуникација, особено за да се спречат недоразбирања“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…