Герџиков: Не исклучувам вето за Македонија, треба да ги отрезниме
Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме таму – да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари. Не го исклучувам тоа, изјави поранешниот претседател на Бугарскиот парламент и професор по право, Огњан Герџиков, за бугарската телевизија „Нова“.
Причина за ова, како што објасни Герџиков, е „ескалацијата на тензиите против Бугарите“ во Македонија.
Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со Република Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им се пресекува или барем се одложува патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и цар Борис Трети?, праша Герџиков.
Според него, постои опасност следниот парламент да го повтори она што се случи досега.
Се надевам дека ова е последна ротација – парламенти за неколку месеци. За жал, не можам да бидам сигурен. Кризата е во немањето дијалог, бидејќи партиската себичност преовладува над националните интереси, вели Герџиков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…
Дмитро Хориха и официјално доби право да…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…
Еди Рама не планира да поднесе оставка…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по…
Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…
На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…