Гест за почит: Игротека во Скопје организира бесплатни родендени за деца од социјално загрозени семејства и деца со посебни потреби

t

Родендените се среќни и свечени настани кои создаваат спомени кои децата потоа го носат со години.

Новите трендови на славење детски родендени наложуваат тие да се организираат во изнајмен простор со играчки и реквизити популарно наречени игротеки.

Но за многу деца и нивните семејства славењето роденден во игротека е неостварлива цел.

Но во Ѓорче Петров, Скопје постои игротека која еднаш во месецот организира целосно бесплатен роденден токму за овие лица.

Славеникот бесплатно го добива сето она што секој друг би го добил и кога ќе плати, односно два часа користење на просторот, бесплтни грицки, сокчиња и торта за децата, како и пијалоци за возрасните присутни на роденденот.

Сопственикот на игротеката „Палавковци“ Трајче Трајковски вели дека оваа пракса ќе продолжи и понатаму, односно дека еден термин во месецот ќе биде отстапен за дете од социјално загрозено семејство или со посебни потреби.

„Првиот роденден беше на дете жртва на семејно насилство, кое живее со неговата самохрана мајка, а пред две недели имавме дете со аутизам кое за првпат славеше роденден во игротека. Во досегашното функционирање на игротеката увидов дека за многу деца неостварлива е идејата роденденот да го слават во игротека, па согласно нашите можности, скромно излегуваме во пресрет на деца од социјално загрозени семејства, за и тие да бидат еднакви со нивните другарчиња. Нема ништо поубаво од тоа да усреќите едно дете“ вели Трајковски.

Тој не очекува овој гест да биде злоупотребен од некого и ги повикува оние кои се во незавидна економска состојба да ја контактираат игротеката Палавковци на телефон или социјалните мрежи, со цел да се обидат да организираат бесплатен роденден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…